Таравари: Работиме на децентрализација и нови вработувања на Клиниката за онкологија
Во најновата епизода на поткаст ЗРАК со д-р Марина, министерот за здравство Арбен Таравари зборуваше за актуелните состојби во здравство, но и одговараше на прашања од граѓани.
Зборувајќи за клиниката за онкологија, Таравари рече дека состојбата е наследена и дека се прават напори да се зголемат вработувањата и да се намали зголеми кадарот.
„Да бидеме искрени ситуацијата на Онкологија не е од пред седум месеци. Откако сум министер сум бил најмалку 3 до 4 пати на Онкологија, сум разговарал и со директорот и со медицинскиот персонал таму и затоа почнавме процедура на децентрализација на Онкологија. Работиме интензивно дел од терапијата да се издава во ГОБ 8ми септември. Се ангажираме тоа да се случува и во Тетово, во Штип во Битола.
Во меѓувреме работиме на тоа да вработиме повеќе кадар на Клиниката за онкологија во Скопје. Знам дека таму докторите се жртвуваат и работат прекувремено само за да ги услужат сите пациенти. Тоа е максимум што може да направиме за овие седум месеци. Ако некој очекува дека со волшебно стапче за седум месеци ќе ги решиме сите проблеми, тогаш се лаже“ објасни Таравари.