Таравари се кандидира за претседател на Алијанса за Албанците

Таравари од септември годинава е в.д. претседател на АА откако Села си поднесе оставка по лошите резултати на вонредните избори за Советот во Општина Тетово

Вршителот на должност претседател на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари, сака да остане на лидерската позиција во партијата.

Тој утре ќе ја поднесе кандидатурата за претседател до партиската Комисијата во централниот штаб на АА во Тетово.

Кандидатурата, како што најавија од партијата, тој ќе ја поднесе сосе потписи за поддршка од партиското членство.

Партискиот конгрес, според најавите од претходно, треба да се одржи на 17 декември.

Таравари е актуелен градоначалник на Гостивар, а од септември годинава и в.д. претседател на АА откако Зијадин Села си поднесе оставка од лидерската функција по лошите резултати на предвремените избори за советници во Општина Тетово.

Таравари претходно беше генерален секретар на Алијанса за Албанците, а во мај 2022 беше назначен на функција – потпретседател.

Back to top button
Close