Таравари: Села и Тачи чекаат пред вратата на Владата

Лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари изјави дека неговиот поранешен сопартиец, Зијадин Села и лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи стојат пред вратите на Владата чекајќи да станат дел од владиниот кабинет.

„Гледате, Села и Мендух стојат пред вратата на Владата, а јас во 2024 година ја напуштив Владата за да направам промена. Го напуштив Министерството за здравство поради одговорност. Исто така, сметав дека е разумно да ја развивам партијата. Во рамките на ВЛЕН има колку што сакате убоди во грб, Албанците не напредуваат, а евроинтеграција не е на повидок. Двапати ја напуштив Владата и многу жртвував, но не знаев дека има луѓе кои даваат сѐ од себе за позиции“, рекол Таравари, меѓу другото, во емисијата „Клик плус“.

За неговиот довчерашен сопартиец и актуелен вицепремиер за добро владеење, Арбен Фетаи, Таравари нагласил дека во рамките на коалицијата ВЛЕН, функционерот се чува како „инструмент за да гласа таму каде што му е потребен на Изет Меџити“.

-Ако Арбен Фетаи утре не е на таа фотелја, дури ни неговиот возач нема да може да му помогне, вели Таравари, додавајќи дека „Фетаи треба да си го земе куферот и да се врати таму каде што му е местото“.

Back to top button
Close