Таравари: Села нема да ја напушти политиката

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во гостувањето во Алсат рече дека Зијадин Села нема да си замине од политиката, но дека се уште не одлучиле за ниту една функција во партијата за него.

„Не сме му доделиле функција во партијата, но мислам дека би било многу добро и би значел многу на членството тој да има функција во партијата. На 17 декември ќе го имаме партискиот конгрес, на кој ќе му доделиме функција, каде што Зијадин би бил активен дел од креирањето политики во Алијансата за Албанците“, изјави тој.

Back to top button
Close