Таравари: Сите пациенти главно се во стабилна состојба, ќе испраќаме уште пациенти во Белград, Хрватска, Словенија и Австрија

Сите пациенти се во стабилна состојба, и тие што се надвор од државата, 51, главно се во стабилна состојба. Има пациенти и денеска што се јавуваат во болница. Сите кои не се пријавиле вчера, нека се пријават денеска, рече на прес-конференција министерот за здравство Арбен Таравари.

Тој изјави дека „Сите пациенти од Кочани и од Штип ги преземавме, во Клинички има 49, во „8. Септември“ – 18 пациенти, во стара Градска болница се 17 пациенти, во Штип сега се пријавени двајца нови пациенти. Во Турција се 9 пациенти, во Бугарија 14 и во Грција 5, во Србија 17 пациенти. Во Будимпешта се испратени двајца и во Литванија 4 пациенти. Денеска очекуваме уште неколку пациенти да бидат испратени надвор од државата, во Хрватска, Словенија, Австрија и 12 пациенти во Белград, во ВМА“ рече Таравари.

Напомена дека „Ситуацијата комплетно е под контрола“.

„Сите 20 критични пациенти кои се надвор од државата се релативно стабилни, засега нема промена во нивната состојба. До 14 часот ќе излеземе со бројки за сите болници каде има наши пациенти за да може да се комуницира со болниците“ рече Таравари.

Во Македонија се лекуваат 84 пациенти, а во странство има 51 пациент, вкупно повредени се 135 пациенти

Back to top button
Close