Таравари: ВЛЕН заборави на своите ветувања, ниту гради подобра држава ниту го деблокира патот кон ЕУ

Политичката ситуација во земјава е многу лоша, а од ВЛЕН заборавија на ветувањето дека ќе изградат подобра држава за Албанците и за сите граѓани на Македонија, вели доскорешниот партнер во владината коалиција и министер за здравство, Арбен Таравари. Во интервју за весникот „Бота сот“ тој истакна дека функционерите од партиите што ја сочинуваат ВЛЕН се понизни кон поголемиот владин партнер.

„Од неуспехот на проектот ВЛЕН, последиците ги трпиме сите. Иако се боревме да го отстраниме менталитетот ‘да, господине’ кон македонските партии што формираат влади, сега тие малкутемина Албанци што останаа во Владата се поласкави и попослушни од кога било. Ова не им штети само ним, не само на Албанците, туку и на секоја друга етничка група што живее во нашата земја, бидејќи кога на Албанците им е лошо, на сите им е лошо!“,

вели тој.
Според него, една од основните причини за напуштањето на владината коалиција е отстапувањето на владините политики од патот кон ЕУ.

„Најпрво, се случи брза и неверојатна метаморфоза кај колегите од ВЛЕН. Заборавија дека ветуваа изградба на подобра држава за сите. Потоа, отстапија од политиките за патот кон ЕУ. Ова беа двете главни причини за кои, како што се чини, од ден на ден сè појасно се вклучува црвениот аларм, а за што постои растечка загриженост кај меѓународната заедница, особено поради руското и српското влијание во нашата земја“,

смета Таравари.
Таравари вели дека Албанците го живеат својот најтемен период и се во полоша состојба од кога било. Тој во интервјуто ги обвини ВЛЕН целосно го занемаруваат Охридскиот договор.

Back to top button
Close