Таравари: Во „Влен“ се подготвуваме за локалните избори, останувам министер за здравство
Министерот за здравство Арбен Таравари вечерва рече дека засега останува да биде министер за здравство, иако дел од медиумите објавија информации дека ќе ја напушти коалицијата „Влен“.
– Засега, да. Во „Влен“ се подготвуваме за локалните избори. Нормално, внатре во коалицијата сме во процедура на договарање и во Владата мислам дека стабилна е состојбата така што продолжувам да бидам министер за здравство и се надевам дека ќе изнајдеме најдобро можно решение сите страни да бидат задоволни, изјави Таравари во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Сител“.
Тој вечерва гостуваше и во Телма телевизија каде негираше дека побарал 40 отсто од градоначалниците на локалните избори да бидат од Алијанса за Албанците и истакна дека понудил две опции за листите на советници.
„Не е точно, сум побарал листи за советници, за Влен зборувам, да бидат посебни, чисто да мотивираме што повеќе луѓе. Втора опција што сум побарал, трите партии од Влен да бидат заедно, ние да бидеме посебно. Чисто мислам дека ако ги ставиме сите партии на една листа ќе има револт зошто од оваа партија, зошто од таа партија, и затоа мислам што повеќе имиња имаме на листите за советници, толку повеќе ќе има мотивација кај членовите да лобираат и да бидат активни на изборите“,
рече Таравари.
Во врска со односите во „Вреди“, тој рече дека како и во секоја коалиција има недоразбирања, но и конструктивност.