Таравари: Вознемиреност со чувство на вина, победата во октомври е многу блиску
Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари на својот Фејсбук профил реагираше по прес-конференцијата на вицепремиерот Арбен Фетаи и, како што вели, неговата група од помалку од 40 луѓе, по одлуката дека Алијансата за Албанците е дел од Владата.
Таравари во објавата посочува дека поранешните сопартијци чувствуваат мешавина од вознемиреност и вина, а ги потсети и на одржувањето на локалните избори на октомври на кои, како што вели, ќе победи.
– Анксиозноста е најлошото чувство кое човек го доживува…особено кога е измешано со чувство на вина! Продолжуваме помирно и посигурно од кога било кон oктомвриската победа која е блиску…многу блиску!, напиша Таравари.