Таравари за Мицкоски: Неговите ставови се конфузни. Прифаќам само влада што ќе ги прифати уставните измени

Лидерот на Алијанса за Албанците и кандидат за претседател Арбен Таравари вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека се уште има дилеми во врска со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Неговите јавни ставови се конфузни, нејасни во врска со уставните измени. Доколку не се реши за уставните измени, јас зборувам повторно за мене, би влегол во Влада само ако се случат. Затоа се уште имам дилеми за наредната Влада која би била предводена од Мицкоски. Нашите приоритети од 1 до 10 се јасни, тоа е европскиот пат, почнување на преговори преку уставни измени, се друго е после тоа“, додава Таравари.

Back to top button
Close