Таравари: За нас пријателството со САД е свето, ќе работиме со нив за интегрирана Македонија во ЕУ и далеку од руското влијание

Кандидатот за претседател на коалицијата Вреди Арбен Таравари вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје го одржа последниот митинг пред гласањето во среда.

Таравари на митингот кажа дека во Скопје доаѓа по многуте средби и собири низ државата, но и во дијаспората, и дека внимателно ги слушал проблемите на граѓаните со кои се соочуваат веќе 22 години. Кажа дека е за Северна Македонија членка на Европската Унија, со трајно пријателство со САД и дека делата на коалицијата Вреди ќе бидат целосно во согласност со стратешкиот интерес на САД.

-Како претседател на Републиката, се обврзувам дека мојата надворешна политика ќе се заснова на европски и прозападни вредности, со цел членство на земјата во Европската унија. Тоа ќе го постигнеме со поддршка на нашиот постојан сојузник, без помош на кого не би биле таму каде што сме денес – Соединетите Американски Држави. За нас пријателството со Америка е свето и Коалицијата Вреди вети дека секој чекор што ќе го преземеме во иднина ќе биде целосно во согласност со стратешкиот интерес на САД, односно Северна Македонија интегрирана во ЕУ и далеку од руските влијанија, Северна Македонија излечена од епидемијата на корупција како предуслов за социјален и економски развој, рече Таравари.

Како претседател вети дека посветено ќе работи Северна Македонија да биде безбедна држава и да ја промовира регионалната безбедност и мир.

  • Ќе се погрижам да имаме кредибилни одбранбени капацитети, како дел од нашите обврски во НАТО и ЕУ, рече Таравари и додаде дека ќе се бори да ја врати довербата во правосудниот систем со борба против корупцијата и дека со сето свое битие ќе ја брани  консензуалната демократијата , слобода на изразување и правосуден систем, истакна Таравари.

Back to top button
Close