Таравари за посетата на САД: Бев на сопствен трошок


Министерот за здравство Арбен Таравари во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 рече дека патувањето во САД по повод инаугурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, било приватно и дека тој не бил дел од владината делегација. Според Таравари, целото патување било на сопствен трошок, а поканата му ја обезбедиле тамошни пријатели.

Според него, за да се намали бројот на луѓе заболени од некаков вид на карцином потребно е да се работи превенција.

„Со зголемувањето на капитацијата кај матичните лекари, ќе побараме од нив да работат на превентивни. Значи ако е ризична група за карцином на дојка жена од 40 или 50 години, ќе бараме тие да инсистираат сите жени во таа категорија да одат на контрола, исто и за канцерот на простата кај мажи од 40 до 50 години“, рече министерот и додаде дека редно време е и нашата држава да инвестира во превентивни програми.

Back to top button
Close