Татеши: Согорувањето отпад во цементарниците е најдобра достапна техника

Користењето отпад како алтернативно гориво во цементарниците, вклучително и „Усје“, треба да се зголеми бидејќи така ќе се подобрат еколошките перформанси на индустријата, вели Беса Татеши од Министерството за животна средина и просторно планирање во интервју за Радио Слободна Европа.

На прашањето дали е можно големите инсталации да користат гас наместо петрол-кокс, Татеши вели:

„Ако ние како Министерство го применуваме законот правилно, во него се опишува начинот на користење на јаглен, петрол-кокс и гас. Ние не смееме да наметнуваме кое гориво ќе се користи. Морам да укажам дека некои индустрии не можат да работат само на гас. За цементарниците, вклучително „Усје“, спас е да го намалат процентот на користење на конвенционални горива со алтернативни горива, односно отпад, кој веќе не може да се рециклира. Користење на алтернативни горива, наместо конвенционални во цементарници е најдобра достапна техника. Постојат европски примери каде што цементарниците користат 70 проценти користат алтернативно гориво (отпад) и 30 проценти конвенционално гориво.“

Таа потсетува дека „Усје“ е еден од 40 објекти во Скопје кој поседува А-интегрирана дозвола. Појаснува дека мониторингот е обврска на самата фирма, но и дека Инспекторатот има обврска да направи увид во инсталацијата (некогаш најавен, некогаш ненајавен) и, доколку има сомнежи, може да земе примероци од фабриката, оџакот или можеби отпадните води и да изврши мерења во сертифицирана лабораторија.

Вели дека може да се иницира независен моиторинг на индустријата.

„Тоа е можно, зошто да не? Но сакам да нагласам дека новиот закон за контрола на индустриски емисии предвидува за сите кои имаат обврска за континуиран мониторинг еднаш годишно да се направи ревизија на тој мониторинг од независна сертифицирана лабораторија“, додава Татеши.

Целото интервју може да го погледнете тука.

Извор: 360stepeni.mk

Back to top button
Close