Татко пријавил физички напад од наставник врз неговиот син

 Татко пријавил физички напад од наставник врз неговиот син, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Синоќа во 21 часот, 38-годишниот скопјанец Н.А. пријавил дека претходниот ден, околу 8 часот, во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот А.И, појаснуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close