Таткото бил горд на пукањето на момчето убиец: Го снимил и им се фалел на пријателите дека “на 13 години пука без да промаши”

Таткото на момчето (13) кое на 3 мај изврши грозоморен масакр во центарот на Белград кога уби девет врсници и училишен чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“, на своите пријатели им се фалeл дека неговиот син „има само 13 години, a пука без промашување“.

Како што открива извор за српски Курир, момчето кое истиот ден кога го изврши делото беше сместено во психијатриска установа, за време на сведочењето минатиот понеделникот преку видео-конференција врска помеѓу болницата и Вишото јавно обвинителство во Белград, изјавило дека „не го научил неговиот татко да пука, туку постар маж на стрелиштето“.

Back to top button
Close