Таткото на Фросина: Неказнивоста е коренот на сите проблеми
Во Неготино денеска се одржа граѓански собир во знак на сочувство со родителите на трагично загинатата Фросина Кулакова, која завчера вечерта беше прегазена од 20-годишниот возач Васил Јованов.
Скршен од болка, таткото на Фросина, Тодор Кулаков, даде изјава во која рече дека коренот на сите проблеми во општеството е неказнивоста.
„Тоа во што сме сигурно е дека не е еден коренот на сите проблеми, арно ама во вака поставено правосудство каде што неказнивоста е примарно нешто, тоа се одразува на сите сфери во животот. Дали е тоа сообраќај, економија, не знам, било што. Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството“, рече тој.
„Тој, таков каков што е, лузер по сите редови и мерила, влезен во таков филм го убива девојчето кое е бисер од дете, врвен дизајнер, четврта година со веќе самостојни изложби, со пофалби и награди… и му оставаш од таа неказнивост, наместо да е во притвор заради таквиот пристап, он е слободен и ја убива. Што повеќе да кажам. Нема што повеќе“, рече таткото на Фросина.