Таткото на Вања пријавил во полиција дека ја нема, Спасовски вели дека нема потврда оти трагата и се губи кај „Силбо“

Таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка е исчезната. На 27 ноември 2023 година во 11 часот во ПС за општа надлежност Центар од страна на таткото е пријавено дека на 27.11.2023 година околу 7.27 часот неговата малолетна ќерка веќе излегла од станот којшто е на улица „Наум Наумовски – Борче“ и се упатила до ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, изјави министерот за внатрешни рабпти Оливер Спасовски. Одговарајќи на пратеничко прашање на Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ, Спасовски во Собранието повтори дека МВР интензивно работи на расчистување на случајот на 14-годишното девојче В.Ѓ. од Скопје.

“Тука е сочинет веднаш записникот од страна на Одделот за потраги и од полициските службеници и е распишан веднаш локален распис по стапување со излегување на лице место, пребарување на терен, извршен разговор со родителите на детето и започнуваат проверка на терен“, рече Спасовски.

Спасовски децидно кажа дека апсолутно нема никаква потврда, дека трагата на Вања се губи пред „Силбо“ или пред „Броз“.

„Значи не е така. Ниту има можност за таква потврда врз основа на она што е извадено од камери коишто ги имаме. Така во овој дел ќе преземеме и понатаму интензивни активности бидејќи на целата територија на Скопје веќе се преземени, не само на подрачјето на Центар, туку Карпош, Ѓорче Петров, Битпазар. Првично беа вклучени само Центар и Битпазар, првиот момент за тој дел, тој простор каде што е можно да се наоѓа девојчето да бидат пребарани“, рече Спасовски и нагласи дека во овој дел интензивно се работи за да може да се расчисти целиот овој случај.

Повеќе

Back to top button
Close