ВИДЕО: Таткото на загинатиот тапанар на ДНК го искина писмото од претседателката Силјановска Давкова: Ова за мене не важи, вие не сте способни!
Таткото на загинатиот тапанар на ДНК во пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска се обрати пред јавноста додека во Кочани траеше „Маршот за ангелите“ и ги повика претседателката Гордана Силјановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да си поднесат оставки.
Таткото на починатиот музичар Горги Горгиев алудираше на тоа дека ниту еден актуелен функционер од управата не е опфатен во истрагата и дека правдата е селективна, по што го искина пред сите писмото со поддршка што го добил од претседателката Силјановска Давкова за кое рече дека го добил без потпис.
– Таа вети дека ќе биде претседателка и мајка. За три дена ме најде мене со писмо, а птооа ме заборави за 24 часа. Мајко моја, маќео, ова на што личи, добивме писмо без потпис, без никаков потпис. Овој збор ја прелажа цела Македонија и ова за мене не важи
Лично ви се обраќам, не ви е ли срам, имате деца, нека ви се живи и здрави. Нашите деца на 16 март загинаа, а вие на 16-ти, кој било месец, тројцата да си дадее оставка, рече таткото на Горгиев.
Останатите родители исто така се согласија дека добиле писма со поддршка, но не биле удостоени ниту со потпис на истите (faktor.mk)
Драги Георгиев рече дека бил да се бори за Македонија во две војни, едната при распадот на Југославија а другата во Македонија со што покажал вистински патриотизам. Извади банкнота од 2 илјади денари, ја остави на улицата и ги повика властодржците да дојдат да ја земат, за како што рече, да имаат пари да запалат свеќа за загинатите деца во „Пулс“. Тој рече дека неговиот син имал 9 кражби извршени врз него, а полицијата уште тогаш, додека бил жив синот, не успеала да ги расчисти.
Полицијата уште тогаш ми рече дека не можат да ги фатат. За три дена, од 6 сабајле до 9 вечер, јас сам си ги фатив. Им реков чим не сте способни вие, јас сам ќе ги фатам. Ги фатив и им ги дадов во раката. Па зошто ни се полицајци тогаш? На крај ги пуштија дома, рече Георгиев.
Изрази разочарување од кадровските решенија на полицијата која, кога бил да бара посмртница за синот, како што рече, не сакале ниту да го погледнат листот и веднаш го препратиле на друга локација и наместо за синот, го упатувале да бара посмртница за „дедото“.
-Му го давам листот и ми вели да одам за дедо ми во Кочани да вадам посмртница. Какви работници имате ставено во Струмица. Знаете какви се агресивни, вели тој службеникот дека 30 години работи тука. Ти бе господине, џабе што работиш 30 години тука кога не вредиш. Кој те стави тука? Прочитај за кого се работи, за моето дете Ѓоко Георгиев од Струмица за кого плачеше цела Струмица. На неговиот гроб цела Струмица плачеше, без разлика на вера, нација и партија! Вие не сте способни да имате влада, да си дадете оставка на 16-ти кога загинаа нашите деца, одберете си го месецот, рече Георгиев.
Драги Георгиев обвини дека службите го следеле со возила, а на гробишта некој му се заканил дека „многу зборувал и пишувал на социјалните мрежи“. Тој ги покажа писмата со сочувство што му ги испратиле од кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова и од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски и ги искина пред камерите.
Рече дека за него тие писма не важат, зашто се бланко потпишани, испратени до сите, про-форма.
Видео: Скопје1