Таткото негира дека кажал кога Вања ќе излезе од дома, Обвинителството и за него ќе бара притвор

Таткото на убиената Вања во истрагата негирал дека тој му ги дал информациите на организаторот, кој истовремено е и извршител на убиството, Љупчо Палевски-Палчо, сега во бегство, за местото и времето кога таа сама ќе излезе од дома. Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски, вели дека вмешаноста на таткото засега се вади од контекстот на она што го кажуваат другите приведени, пренесе Макфакс.

Двајца од приведените рекле дека избеганиот Палевски им кажал дека од таткото на Вања ги добиле информациите кога и каде може да ја чекаат.

„Досегашниот негов исказ во полицијата јасно го знам, не знам дали можеби во моментот нешто ќе се смени или се сменило, сѐ уште таткото ги негира овие дејства. Ние неговата инволвираност, која сè уште сметаме дека е посредна во овој случај, ја вадиме од контекстот на она што го кажуваат другите инволвирани во случајот дека едното лице им кажало оти сето ова го знае од контактот со таткото.

повеќе

Back to top button
Close