Таван падна во градинка во Карпош

Таван паднал викендов во градинката „Мајски цвет“ во скопката општина Карпош, Тафталиџе 2. Сликите и информацијата на Фејсбук профил ги објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Викендов во Скопје имаше поројни дождови, но се уште нема информација што точно се случило во градинката викендов, но највжно е дека нема повредени.

-Среќа во несреќа е што во градинката таванот паднал за викендов, кога немало дечиња, и нема повредени, ниту жртви. Но, одговорност за ваквата ризична градба, за фушерајот за објект кој згрижува мали деца и за тендерот треба да има, напиша Милошоски.

Тој потсетува дека увид во градбата на оваа градинка направиле и поранешниот премиер, Зоран Заев и поранешниот градоначалник, Стефан Богоев и поранешната министерка Мила Царовска, но и сегашната за труд и социјала, Јагода Шахпаска.

-Инаку на увид, градба, отварање за оваа градинка имаше дури 5 настани, една со Заев и Богоев, па потоа Богоев и Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и Шахпаска заедно, сите настани со прес конференции како СДСМ квалитетно гради, и колку добро СДСМ се грижи за децата. И еве го резултатот. Голема несигурност за децата, напиша Милошоски.

Инаку според јавно достапните информации, во оваа градинка пред неколку години биле целосно обновени просториите за престој и едукација на деца од осум месеци до три години

 

 

Back to top button
Close