„Те сакам, мајкино око. Многу, многу ми фалиш…“, мајката на загинатата Моника во „Пулс“, скршена од тага

„Те убија, мајкино…“ – со овие зборови започнува потресната објава на Верица Трифуновска, мајката на Моника Спасова, која трагично го загуби животот во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“. Нејзиниот статус, објавен 100 дена по трагедијата, е крик од дното на една уништена мајчинска душа, но и обвинение со адреса – кон системот, алчноста и бесчувствителноста.

„Ја убија твојата убавина, твојата светлина што зрачеше како дијамант… Твојот живот насилно ти го одзедоа алчните и заслепени по материјалните добра“, напиша Трифуновска, додавајќи дека верува оти нејзината ќерка сега е најсветлиот ангел на небото.

Screenshot

Во статусот нема место за простување:

„Ладнокрвните убијци што те убија мајкино – ќе горат во пеколот. Нека уживаат сега во земниот живот, но во царството небесно за нив нема место.“

Својата болка ја претвора во завет:

„Додека сум жива – ќе се борам за твојата правда. Нема да дозволам твојата смрт да биде продадена.“

Објавата на Верица е сведоштво за личната траума, но и за колективната одговорност – за животот што згасна, за системот што затаи, и за болката што нема крај.

„Те сакам, мајкино око. Многу, многу ми фалиш…“ – завршува нејзината објава.

Back to top button
Close