Театар на платно – „Кафе Мулер“ на Пина Бауш со проекција во Кинотеката
Првата активност на новооснованата компанија „АртАктУм“ во рамките на проектот „Театар на платно“ ќе биде проекцијата на претставата „Кафе Мулер“ на легендарната танчарка и кореографка Пина Бауш.
Настанот ќе биде реализиран во соработка со Кинотеката на Северна Македонија и ќе се одржи на 27 април, со почеток во 20 часот, во Кинотеката.
Компанијата „АртАктУм“ е основана од македонскиот режисер Иван Поповски и театарската продуцентка Татјана Дешко од Русија. Целта на основањето на „АртАктУм“ e во Македонија да донесе значајни, интересни и моќни претстави од различни видови на сценската уметност, кои ќе создадат нова почва за размислување и уживање за тие што веќе го сакаат театарот.