Театрите, кината, операта и балетот ќе работат според Протоколот за организирање настани

Владата денеска донесе одлука во согласност со која театрите, кината, операта и балетот ќе работат според Протоколот за организирање настани.
За работата на кината, театрите, оперските претстави, балетските претстави, другите манифестации со филмски проекции, мултимедиумските проекти, фестивалите и други манифестации од дејноста на културата, Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести согласно кое за овие дејности ќе важи веќе донесениот Протокол за организирање на настани






