Тегелтија: Ќе се обидам да ги убедам во БиХ оние кои се против Отворен Балкан во исправноста на оваа иницијатива

Ние треба да донесеме политичка одлука за пристапување во Отворен Балкан. Се надевам дека тие што вршат јавен притисок ќе придонесат таа одлука да се донесе. Јас сите свои капацитети и енергија ќе ги насочам да ги убедам оние кои се против оваа иницијатива за нејзината исправност, изјави на заедничката прес – конференција претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија во Охрид на Самитот „Отворен Балкан” .

-Бизнис заедницата на БиХ сега е целосно определена кон Отворен Балкан. Граѓаните се свесни што тој донесува. Ние треба да донесеме политичка одлука, а зашто таа не е донесена, се уште е тешко да се зборува. Никој јавно од оние кои треба да ја донесат нема кажано зошто е против Отворен Балкан, дали е тоа поради стравот дека е тоа замена за членство во ЕУ или поради некој лидер што оваа идеја ја предложи. И денеска имаше обид оваа одлука да се внесе на седница на Претседателството на БиХ. Но донесена е одлука таа точка да не биде поставена на дневен ред. Се надевам дека тие што вршат јавен притисок ќе придонесат таа одлука да се донесе. Јас сите свои капацитети и енергија ќе ги насочам кон тоа да ги убедам оние кои се против оваа иницијатива за нејзината исправност. Одлуката не е поврзана со војната во Украина, туку тоа е наше внатрешно прашање, рече Тегелтија на новинарско прашање што ги премисли сега да пристапат кон оваа иницијатива.

Тој на заедничка прес-конференција со премиерите на Северна Македонија Димитар Ковачевски, на Албанија, Еди Рама и на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, како и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, нагласи дека после овој состанок и потпишувањето на спогодбите и меморандумите, БиХ мора да стане полноправен член на овој проект.

-Во тоа сум поуверен отколку пред да дојдам тука. Одговорноста е на нас. Благодарам што ни ја отворивте врата и што не поставувате услови и рокови. Занаеме тоа да го цениме, рече Тегелтија. в

Back to top button
Close