Техеран ги предупреди САД и Израел: Иранските сили се на максимално ниво на борбена готовност

Началникот на Генералштабот на иранската војска, Амир Хатами, денеска ги предупреди САД и Израел против каков било напад, велејќи дека силите на неговата земја се во состојба на највисока подготвеност по големото воено распоредување на Вашингтон во Заливот.

– Ако непријателот направи грешка, без сомнение ќе ја загрози сопствената безбедност, безбедноста на регионот и безбедноста на ционистичкиот режим, рече Хатами, пренесува ИРНА, истакнувајќи дека иранските вооружени сили се „на максимално ниво на одбранбена и воена готовност“.

Исто така, тој рече дека иранската нуклеарна програма не може да биде уништена, дури ни со сила.

– Нуклеарното умеење и технологијата на Исламската Република Иран не можат да бидат елиминирани, дури и ако научниците и синовите на оваа нација станат маченици, заклучи Хатами.

Back to top button
Close