Техеран: Одлуката на Бахреин е големо предавство на исламот и Палестинците

 Договорот меѓу Израел и Бахреин е големо предавство на исламот и Палестинците, напиша на Твитер специјалниот советник за меѓународни односи на претседателот на иранскиот Парламент Хосеин Амир-Абдолахијан, реагирајќи на договорот меѓу двете земји за воспоставување дипломатски односи.

– Несовесните лидери во Обединетите Арапски Емирати, не смеат на Бахреин да му трасираат патот до ционистичките шеми. Тие треба да извлечат поуки од историјата. Утре е доцна, напиша на Твитер Амир-Абдолахијан, кој е и поранешен заменик министер за надворешни работи на Иран.

Бахреин денеска ги нормализира односите со Израел, како дел од пошироката дипломатска кампања на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација за целосно интегрирање на еврејската држава во Блискиот исток.

Back to top button
Close