Текстилниот сектор се соочуваа со намалени нарачки од партнерите

Намалени нарачките од странските партнери во текстилниот сектор. Засега никој не знае зошто ова се случува. Но, Ангел Димитров од Организација на работодавци вели дека крајот на септември ќе биде одлучувачки за многу домашни конфекции. Странските партнери ја напуштаат земјава и наместо кај нас, нарачките наменети за европскиот пазар завршуваат во земјите од далечниот Исток. По пандемијата, односно лани македонските компании имаа голем притисок од нарачки од странските компании, кои сакаат да произведуваат на европскиот континент. Димитров се сомнева дека актуелната состојба со намалените нарачки се должи на тоа што лани македонските конфекции поради немање на доволен број на текстилни работници не можеа да ги задоволат потребите на странските партнери.

-И Бугарија и Македонија и Србија се судрија со проблем да најдат работна сила бидејќи младите не сакат да работат во овој сектор и сите тие ги одбиваа ваквите понуди од европските брендови. Најверојатно, моја претпоставка е дека заради тоа големите европски брендови отидоа на далечниот Исток. Партнерот за кој ние работевме целат роба која ние не можевме да ја преземеме ја однесе во Бангладеш и ја работи таму, каде што имаат сè уште млада работна сила, која може да се вклучи во процесот, вели Димитров.

Тој истакнува дека едно од решенијата е олеснување на постапката како и зголемување на квотата за дозвола на работа на странци. Токму недостатокот од работници остава сериозни последици, а како што вели Димитров податоците говорат особено алармантно е во металопреработувачката индустрија, градежништво, земјоделието и текстилството. Прашан кое е решението и за најавата на вицепремиерот Битиќи дека ќе се зголеми квотата за странски работници, Димитров вели дека тоа е неминовно решение за нашето стопанство и економија.

-Квотата е неминовно да се зголеми. Секој доброразумен човек во Македонија, а сигурно и Битиќи тоа го видел, нашата квота сигурно до средината на јуни е исполнета, а тоа значи дека ние за половина година ја исполнуваме квотата. Во текстилот има мал број на работници. Во градежништвото, сега ќе видите она што се случува со „Бехтел и Енка“ во Македонија нема градежни работници. Џабе бараме да се вклучат наши компании кога тие немаат работници, вели Димитров.

Вицепремиерот, Битиќи најави дека од септември се планираат законски измени за зголемување на квотата на работни дозволи за странци.

Back to top button
Close