Телата на двајца израелски заложници пронајдени во Газа, потврди Нетанјаху

Телата на двајца израелски заложници се пронајдени во Газа за време на специјална операција на израелската армија и безбедносната агенција Шин Бет, објави премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Станува збор за Џуди Вајнштајн-Хаги (70) и Гади Хаги (72), кои беа киднапирани од кибуцот Нир Оз и однесени во Газа за време на нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

„Заедно со сите граѓани на Израел, јас и сопругата изразуваме искрено сочувство до драгите семејства. Нашите срца тагуваат за оваа ужасна загуба. Нека биде благословена нивната меморија. Нема да застанеме, ниту да молчиме додека не ги вратиме сите наши киднапирани дома – и живи и мртви“,рече Нетанјаху

Back to top button
Close