Телефонот на екс председателката на ДКСК уште се анализира. Што се му издавала на обвинет во Адитив кој и бил семеен пријател

ДКСК – ден на борбата против корупцијата / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Предметен обвинител активно постапува во предметот против лицето за кое покажувате интерес. Издадени се наредби по кои постапуваат релевантни институции и истражители од ОЈО ГОКК, кои вршат анализа на екстрахираните податоци од телефонот на осомничената, велат од Обвинителството за организиран криминал за „Слободен печат“.

Релевантни институции и истражители од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) два месеца ги анализираат податоците што биле извадени од телефонот на осомничената претседателка на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска, откако во април беше фатена како му одава службени тајни на поранешниот директор на ТЕЦ „Неготино“, Небојша Стојано

 

– Предметен обвинител активно постапува во предметот против лицето за кое покажувате интерес. Издадени се наредби по кои постапуваат релевантни институции и истражители од ОЈО ГОКК, кои вршат анализа на екстрахираните податоци од телефонот на осомничената – велат од Обвинителството за организиран криминал за „Слободен печат“.

 

Од Антикорупциската комисија велат дека Димитровска се уште не доаѓа во ДКС, а распределбата на предметите се врши континуирано на членовите на ДКСК, преку електронскиот систем, но таа ниту има предмети, ниту одлучува.

Истрагата против Димитровска беше отворена додека Обвинителството го истражуваше предметот „Адитив“ за проневера со набавка на адитиви од над 6 милиони евра за РЕК „Битола“. Во извадените податоци од телефонот на Стојановиќ беа најдени службени тајни што Димитровска му ги праќала додека бил осомничен. Беше откриено дека Димитровска преку својот службен телефон на „вибер“ и на „ватсап“ му давала информации за отворени предмети против него и други лица обвинети во „Адитив“, одлуки за нив, службени податоци кај кој член од ДКСК се наоѓа конкретниот предмет, како и информации за проверка на имот на обвинетиот и неговото семејство.

Повеќе тука 

Back to top button
Close