„Телеграф“: Дали Шведска беше во право ќе покаже евентуалниот втор бран на Ковид-19

– Голем број експерти ја критикуваа Шведска дека не воведе карантин за време на пандемијата со Ковид-19, но според официјални податоци 30 проценти од Швеѓаните развиле имунитет на новиот коронавирус.

Лондонскиот весник „Телеграф“ објави дека ако Шведска на зима успее да го избегне вториот бран на епидемија, тогаш би се докажало дека нејзиниот начин за справување со Ковид-19 бил оправдан.

Весникот потсетува дека голем број експерти го критикуваа шведскиот пристап, нарекувајќи го „луд експеримент“ и ја  обвинуваа Владата дека ја води земјата во катастрофа, предвидувајќи колапс на здравствениот систем и експоненцијален раст на бројот на заразени, ако не се воведе карантин.

Во Шведска покрај забраната за собирање на повеќе од 50 луѓе, не беа воведени други рестриктивни мерки. Децата помлади од 16 години одеа во училиште, а никој не носеше маски.

Како и во другите европски држави, во Шведска најглем број на починати лица од последици од Ковид-19 е регистриран во средината на април, а потоа уследи намалување на смртните случаи. Кривата на смртни случаи не се разликува многу од земјите во кои беше воведен карантин.

Откако не се остварија апокалиптичните предвидувања, критичарите на шведскиот пристап се свртеа на дополнителна рационализација, повикувајќи се на малата густина на населеност и големиот број на едночлени домаќинства. Некои дури тврдеа дека социјалното дистанцирање е дел од шведската култура или пак дека Швеѓаните не зборуваат доволно за да се пренесуваат вирусните капки.

Во Шведска со новиот коронавирус се инфицирале вкупно 75.826 луѓе, од кои починале 5.536 лица.

Back to top button
Close