Телеграм и xAI, на Маск, се здружуваат за дистрибуција на Grok до корисниците на апликацијата за пораки, Платени 300 милјиони долари

Стартапот xAI на Елон Маск ѝ плаќа на платформата за пораки Telegram со седиште во Дубаи 300 милиони долари за да го лансира својот чет-бот за вештачка интелигенција Grok, објави извршниот директор на Telegram, Павел Дуров.

Дуров рече дека тој и Маск склучиле едногодишно партнерство кое „ја зајакнува финансиската позиција на Telegram“.

Покрај исплатата од 300 милиони долари од xAI, Telegram ќе заработи и 50% од приходите од претплатите на xAI што се продаваат на платформата, според Дуров.

„Ова лето, корисниците на Telegram ќе добијат пристап до најдобрата технологија за вештачка интелигенција на пазарот“, напиша Дуров.

Back to top button
Close