Телеком реагира- Не сме ни јавно ни државно претпријатие туку компанија со странски капитал. Директорите не се „Паразити“

Во врска со написите за аферата „Паразити“, во која се посочуваат платите на државните службеници, за да не се доведе јавноста во заблуда, Македонски Телеком известува:

 

Во врска со написите за аферата „Паразити“, во која се посочуваат платите на државните службеници, за да не се доведе јавноста во заблуда, Македонски Телеком известува:

„Македонски Телеком не е јавно претпријатие, ниту државна институција, туку една од најуспешните компании со странски капитал во земјава, која уште од 2001 година е дел од интернационалната групација Дојче Телеком. Компанијата, повеќе од 20 години функционира во конкурентно опкружување со други интернационални брендови. Позициите Главен извршен директор, на која е г. Никола Љушев и Главен директор за финансии на која е г. Славко Пројкоски не се позиции на јавни службеници назначени од Владата, туку високи деловни функции кои носат одговорност за целокупното работење на компанијата. Овие позиции подразбираат поседување на соодветно искуство, докажана експертиза и преземање деловни активности за постигнување резултати согласно плановите и стандардите на Дојче Телеком групацијата“.

Back to top button
Close