Телкиу за Алсат: Заштитете го семејството

Исни Телкиу од Дебар, е еден од 1914-те пациенти заболени од коронавирус кои се лекуваат дома. Тој за Алсат вели дека од моментот кога го добил резултатот дека е позитивен со Ковид-19, бил изолиран од неговата ќерка и неговата сопруга, кои не се заразени.

Веќе шест дена, тројцата членови на семејството Телкиу престојуваат во различни соби на куќата, затоа што, како што вели првиот човек на семејството, секоја негрижа може да го загрози животот на неговите најблиски. Со храна ги снабдуваат членовите на семејството кои живеат близу нив.

„Им реков дека мора да бидам затворен во една соба и за јадење и пиење, да ми носат на врата. Контактите се минимални. Садовите ги оставам на врата и ги зема мојата сопруга. Садовите што ги користам јас се црвени, а другите ги користи ќерка ми и жената. Тие исто така се во само-изолација. Би ги советувал сите да бидат внимателни, тоа не е нешто со што можеме да си играме“.

Докторката Сефјане Ферати вели дека овие пациенти се лекуваат со терапија која се состои главно од витамини.

повеќе

Back to top button
Close