Телма: Девојката била удрена и фрлена неколку метри додека преминувала на пешачки

На пешачки премин кај Сити мол, вечерва загина 24 годишна девојка откако била удрена од возило.

– Во моментот кога девојката преминувала улица на пешачки премин, автомобил „Цитроен“ ја прегазил и ја фрлил неколку метри со што таа се здобила со повреди од кои загинала, пренесе Телма повикувајќи се на неофицијални информации.

Сппред телевизијата автомобилот кој ја удрил девојката претекнувал друг автомобил кој застанал на пешачкиот премин. Од МВР соопштија дека автомобилот удрил во две лица од Радовиш.

 

 

Back to top button
Close