Телма -Министри некои и со сопругите,ген секот и портпарлот на владата. За кој од бројната делегација за Осака било платено,кој бил муфте,кој сам си платил

Учеството на светскиот саем во Јапонија е планирано одамна, а трошоците за патувањето се сведени на минимум. Ова е ставот на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Станува збор за делегација со над десет члена, дел од министрите заедно со сопругите, а во тимот и портпароли и советници.

Прашан за детали, по реакциите од опозицијата дека тоа е скапо патување без никаков бенефит, премиерот одговара – македонското претставување во Јапонија е планирано уште од времето на претходната Влада.

„Она коешто оваа Влада го направи е тие трошоци за патување на таа делегација да бидат сведени на минимум. Бев поканет јас заедно со уште двајца членови од мојот кабинет, на сметка на јапонската Влада. Јас поради обврски дома не отидов. Во мое име водач на делегацијата е господинот Муцунски. Голем дел од лицата сами си покриваат. Така што, верувајте дека од тоа што било планирано пред една година и тоа што е сега – најмалку трипати се помали трошоците“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на РС. Македонија. 

Телма праша во Влада – кој ги покрива трошоците за патувањето. Оттаму велат дека патувањето на првиот човек на делегацијата, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски кој присуствуваше заедно со неговата сопруга, е платено од страна на владата на Јапонија.

Јапонската Влада ги покрила трошоците и за Владимир Нелоски, шефот на кабинетот на премиерот, кој исто бил во придружба на неговата сопруга. Нејзиното патување е платено со приватни средства, се вели во одговорот од Влада.

Повеќе детали ТУКА 

Back to top button
Close