Телма: На тепањето на секретарот на бугарскиот клуб претходела долгогодишна нетрпеливост и недоразбирања

Во претерувањето на секретарот на бугарскиот клуб,  според Телма, нема политика, туку долгогодишна нетрпеливост и недоразбирања меѓу учесниците во инцидентот, што им е познато на охриѓани. Од СВР Охрид официјално соопштија дека 22-годишниот Пендиков синоќа пријави дека во угостителски објект во Охрид, физички бил нападнат од тројца охриѓани, од што се здобил со тешки телесни повреди. Полицијата работи на расветлување на настанот.

Според извори на телевизијата, кога тројцата охриѓани влегле во ресторанот, секретарот на бугарското здружение веќе седел на маса. Тој почнал да ги навредува и провоцира, а по вербалните дофрлања, дошло и до физичка пресметка. Од полиција нема потврда дека инцидентот се случи поради омраза кон Бугарите, а што точно се случило ќе утврдува истрагата.

Повеќе

Back to top button
Close