Телма: Нова истрага против Мухамед Зекири – открива барањето за притвор

Екс генералниот секретар во владата Мухамед Зекири останува во куќен притвор уште триесет дена. Таму е веќе една недела откако Апелација ја прифати жалбата на неговите адвокати и му ја смени мерката ефективен притвор со домашен, пред се поради здравствени проблеми за  што одбраната доставила и медицинска документација . Овој пат второстепениот суд му ја определи оваа мерка при редовно одлучување.

Но решението на Апелација открива дека обвинителството може да ја прошири истрагата за Зекири.  Тоа се навестува во делот од решението со кој се цитира  образложението на  обвинителството за организиран криминал кое барало продолжување на притворот поради опасност од бегство и влијание врз истрагата, информира Телма.

-Во предлогот се наведува дека во досегашната фаза на истражната постапка од страна на обвинителството се преземени и други истражни дејствија, при што при обезбедувањето докази е пронајдена писмена документација која укажува дека осомничениот М. З. сторил уште едно кривчно дело Злоупотреба на службената положба и овластување, за сличен кривично-правен настан, поради што ќе биде потребно истрагата да се прошири и за тој кривично-правен настан, како и ќе биде потребно осомниченот да биде повикан со цел негово сослушување за новите околности, стои во одлуката на Апелациониот суд кој го цитира барањето на обвинителството.

-Од страна на обвинителството по пронаоѓање на новата писмена докуемтнација, односно откако била доставена од страна на Владата на РСМ, Генералниот сектаријат донел Наредба КО.бр.59/22 од 02.06.2022 година до МВР, со цел да изврши анализа на истата. Со оглед дека анализата се уште не е извршена, засега не можат да се преземаат други истражни дејствија, но по извршена анализа ќе се преземаат други законски дејствија со цел обезбедување сигурни докази од кои ќе се утвди дека осомнчениот го сторил кривичното дело за кое се товари, пишува во одлуката.

повеќе

Back to top button
Close