Телма: Од понеделник замрзната цена и на јајцата

Од понеделник се замрзнува и цената на јајцата, велат извори за Телма. Најверојатно претходно нема да има поевтинување како што тоа се направи со тестенините, млекото и млечните производи, туку ќе се замрзне цената по која јајцата во моментов се продаваат. Производителите кои ги контактираше Телма велат дека за нив е прифатливо да се ограничи сегашната сума и пред Велигден да не може да има поскапувања, а секој кој смета дека може нека ја намали и дополнително. Дали ќе се прават корекции и кај цените на шеќерот и оризот е незивесно. Надлежните се уште ги разгледуваат анализите.

И граѓаните сметаат дека намалување треба да има и кај другите продукти.

Повеќе

Back to top button
Close