Телма: Околу 10 милиони евра украле газдите од државната помош за исплата на минималец

Околу 10 милиони евра украле газдите од државната помош за исплата на минималец од 14.500 денари за работниците, а не два милиони, објавува „Телма“ а се повикува на владини извори. Се сумираат бројките и списокот со имињата на компаниите, кои денеска треба јавно да се објават. А меѓу нив има и еден медиум.

Генералниот секретар на Владата, Рашковски, изјавил дека од УЈП се чекаат податоците и имињата од фирмите кои зеле помош од државата, а не ги исплатиле платите на работниците.

УЈП првично објави дека 4.500 компании злоупотребиле над 2  милиони евра, но од Телма велат дека иаат податоци и дека расте и сумата, но и бројот на компании чии газди државните пари за исплата на минималец за работниците си ги ставале во џеб. А по бурните реакции во јавноста Генералниот секретаријат ќе бара од Обвинителството кривично да ги гони газдите. Па така покрај тоа што ќе ги вратат парите за плати кои ги зедоа од државата и тоа со камати, ќе заработат и парични казни, а може да завршат и во затвор од 1 до 10 години.

– Ќе побараме од Обвинителството покренување на постапка за утврдување на кривична одговорност против одговорните лица во компаниите, изјавил Рашковски за Телмa.

 

Back to top button
Close