Телма: Реџепи-Зејд ја прифатил понудата на Мицевски – ќе се потпише на нова иницијатива за гласање недоверба на Владата што ќе се поднесе утре

Од опозициска партија за Телма потврдиле дека утре ќе поднесат нова иницијатива, што значи дека е можно расправата за доверба на Владата во Собранието, наместо во четврток, да се помести за в сабота

Реџепи-Зејд, пак, во телефонски разговор за Телма рекол дека гласањето може да се одржи и в четврток, ако се земе предвид дека седницата мора да биде одржана најдоцна три дена по поднесувањето на иницијативата

Скендер Реџепи-Зејд од Алтернатива ја прифатил понудата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски да поднесат нова иницијатива на која Реџепи ќе ги избере останатите 19 пратеници со кои ќе ја потпише новата иницијатива за изгласување недоверба на Владата, објави Телма, при што потврда за ова добиле и од обајцата пратеници.

Од најголемата опозициска партија за Телма потврдиле дека утре ќе поднесат нова иницијатива, што значи дека е можно расправата за доверба на Владата во Собранието, наместо во четврток, да се помести за в сабота.

Реџепи-Зејд, пак, во телефонски разговор за Телма рекол дека гласањето може да се одржи и в четврток, ако се земе предвид дека седницата мора да биде одржана најдоцна три дена по поднесувањето на иницијативата. Според него, ако новата иницијатива биде поднесена утре, четврток ќе биде првиот ден од новиот рок и ќе му понудат на претседателот на Собранието, Талат Џафери, да не закажува нова седница, туку расправата да се одржи на веќе закажаната за в четврток.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, му се обрати јавно на пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, предлагајќи му да поднесат нова иницијатива за изгласување недоверба на Владата.

Откако Реџепи изјави дека нема да соработува со Левица за уривање на Владата, по што и Алтернатива остана без конкретен став, Мицевски, кој инаку е во изолација поради ковид-19, денеска му предлага на пратеникот од партијата на Африм Гаши да избере 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за заедно да достават друга иницијатива за недоверба.

Back to top button
Close