Телма Сторија: Велешката група силувачи на малолетничка се млади кои “работеа” за Трамп

Апелацискиот суд ги зголеми казните за велешката група која една година во повеќе случаи, силувале малолетничка. Телма дознава дека се работи за дел од момчињата кои во 2016-та се занимаваа со ширење на лажни вести за Доналд Трамп.
Во денешната Телма сторија, направивме анализа на случајот во кој е уништена една младост, но и дали е поука за младите и општеството.
Најголем дел од осудените се токму таканаречените велешки деца на Трамп. Веднаш тврдеа дека нивното апсење е освета за тоа што работеле за Трамп и имале многу пари. Обвинија дека им е баран рекет и од полицијата и од судско обвинителски кругови за да не бидат обвинети и осудени, а исто така и да не лежат во притвор. Неколку пати најавуваа дека ќе проговорат јавно, но никогаш не го сторија тоа.
За обвинителството Тврдењата за „Трамп“, „Републиканци“ и слично се обид да се пренасочи вниманието од фактите.
Првообвинетиот Стефан Димовски е во бегство. Од домашен притвор кој му го одреди Кривичниот суд на изрекувањето на пресудата тој избегал една недела пред да му се зголеми казната.
На 7 април МВР за него распиша само централна, не и меѓународна потерница. Во затвор е веќе Тино Илиевски кој бил затекнат надвор и покрај тоа што му беше одреден куќен притвор. За останатите нема информација дали се јавиле в затвор.
Сторија на новинарката Билјана Николовска и снимателот Игор Јанковски.






