Телма: Запрена истрагата за 6 полицајци осомничени за пожарот во Пулс за дело „предизвикување општа опасност“

ТВ Телма повикувајќи се на свои извори пренесува дека за 6 полициски службеници и началници е запрена истрагата за пожарот во Пулс во Кочани за што беа осомничени за дело „предизвикување општа опасност“ со смртни последици.
Обвинителството сметало дека овие полициски службеници може да се гонат за друго кривично дело односно за злоупотреба на службена положба, бидејќи нивните овластувања не биле за проверка на противпожарни мерки туку за проверка на сообраќајна безбедност на објект и постоење на доволно паркинг места за кабарето „Пулс“.
При истрагата, утврдено е дека ослободените полициски службеници изготвиле согласност за објектот, но според Законот за угостителска дејност „произлегува дека дека во конкретниот случај, тие требало да извршат проверки само во делот дали биле исполнети условите за заштита на јавен ред и мир и безбедноста во сообраќајот“, стои во одлуката на обвинителот кој ја спроведуваше истрагата, пренесува Телма.
Дел од осомничените беа во притвор еден месец, по што добија други поблаги мерки за обезбедување кои се укинати, потврдија за Телма, извори од истрагата. Од кривичниот суд во Скопје потврдија дека денес се укинати мерки за двајца осомничени полицајци






