Телохранител на Мицкоски е меѓу уапсените за малверзации со плацови во делчевско?


Еден од осомничените за продажба на плацови во делчевско на ЕВН за повеќекратно повисоки цени, против кого денеска Финансиската полиција поднесе кривична пријава до Обвинителството, е телохранител на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објавија попладнево медиумите блиски до опозицијата.

Во акцијата, според информациите, попладнево се уапсени повеќемина, најголем дел членови на ВМРО-ДПМНЕ, а меѓу нив е и членот на обезбедувањето на Мицкоски. Меѓу уапсените наводно е и поранешен советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Делчево.

Случајот, кој беше обелоденет во ноември лани, денеска го актуелизира Управата за финансиска полиција, која поднесе кривична пријава против седуммина осомничени, меѓу кои се и раководители во ЕВН, за криминална продажбата на парцели на ЕВН во Делчево за изградба на фотонапонски централи.

Финансиска полиција посочува дека лицата од кои двајца управители во ЕВН, биле роднински и пријателски поврзани. Успеале да убедат сопственици на приватно земјиште во Делчево да им биде откупен имотот по одредена цена, но да се согласат во документите да стои дека го подаруваат. Подарениот имот за неколку дена го продале на ЕВН за 1,5 милион евра – цена околу 40 пати повисока од реалната.

Back to top button
Close