Телото на принцот Филип нема да биде изложено, кралското семејство ќе организира скромен погреб

Бакингемската палата соопшти дека кралицата Елизабета Втора ги разгледува детали за погребот на починатиот сопруг, принцот Филип, кој ќе биде скромен поради епидемијата на коронавирусот

Организацијата задолжена за кралскиот протокол соопшти дека погребот нема да биде со државни почести и дека телото на сопругот на кралицата нема да биде изложно за јавноста. Ковчегот со посмртните останки ќе биде во дворецот Виндзор, пред погребот со капелата Сент Џорџ во согласност со обичаите и желбите на кралицата. На погребот ќе може да присуствуваат најмногу 30 лица согласно мерките. И самиот принц Филип претходно изјавил дека сака скромен погреб. Ѕвоната на Вестминстерската катедрала вчера се огласија 99 пати во знак на почит кон принцот кој имаше 99 години. Почесна стрелба е планирана за денеска во целата земја. Останатите детали и датумот на погребот дополнително ќе бидат соопштени.

Принцот Хари ќе присуствува на погребот на неговиот дедо принцот Филип најверојатно без придружба на неговата сопруга Меган Маркл.

Војводата од Сасекс, според британските медиуми, се очекува да се врати во Велика Британија од САД на погребот на неговиот дедо, војводата од Единбург, и покрај широко распространетите ограничувања за патување.

Сепак, се смета дека е малку веројатно дека војвотката, која веќе е во доцна бременост со нивното второ дете, ќе му се придружи.

Back to top button
Close