Телото на убиениот доктор дадено на обдукција, се прибираат докази и снимки од камери

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската населба Железара каде во текот на ноќта беше пронајдено безживотно тело на лекар со повеќе убодни рани.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и наредба за прибирање и анализа на сите траги пронајдени на лице место и за обезбедување на снимки од видеонадзор.

Се преземаат дејствија за расчистување на настанот.

Телото на убиениот доктор го пронашол неговиот син во автмобилот киа пред фабриката Железара. Како што претходно соопшти МВР, се работи за 67-годишниот А.Т. од Скопје, кој бил матичен лекар

Back to top button
Close