Тематска дискусија „Рефлексија 2030“ за улогата на Собранието во остварувањето на стратешките надворешно-политички цели 

– Министерството за надворешни работи денеска во Скопје организира тематска дискусија поврзана со парламентарната димензија на надворешната политика и улогата на Собранието и парламентарната дипломатија во остварувањето на стратешките надворешно-политички цели на Република Северна Македонија во наредните десет години.

Состанокот е продолжение на серијата настани во рамки на проектот на МНР „Рефлексија 2030”, чија крајна цел е изработка на долгорочна Стратегија за надворешна политика.

На состанокот, како што информираат од МНР, воведно обраќање ќе има министерот за надворешни работи Бујар Османи, а покрај учеството на Претседателот на Собранието Талат Џафери, поканети се да учествуваат и претседавачите на соодветните собраниски тела надлежни за надворешна политика, шефовите на собраниските делегации за соработка со меѓународните организации, како и дел од членовите на Стратешкиот совет на МНР.

Back to top button
Close