Температурите паднаа и за 15 степени, од следната недела ќе има и дождови! Нема веќе топлотни бранови
Во раните утрински часови, во Македонија има разведрување на времето со засилување на ветерот од северен правец, и истиот услови температурите нагло и значително да опаднат дури за околу 15 степени за разлика од оние кои ги имавме до вчера, односно до 9. јули.
Како што посочува метеопрогнозерот, Славчо Попоски, на метеоролошката карта може да се види дека рано утринава на многу места низ Македонија температурата се спушти близу 10 степени, а таа во западните планински повисоки места се спушти и под 10 степени.
Денеска во текот на целиот ден, и тоа поради брз продор на ладен воздух од северозапад ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието.
И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).
Максималните дневни темпратури денес ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.
Инаку, според прогностичкиот Европски модел, Попоски вели дека следната седмица доаѓаат врнежи и дека се намалуваат шаансите за екстремно топли бранови.
„Најново ажурирање на прогностичкиот Европски модел (ECMWF) укажува на тоа дека следната седмица конечно очекуваме врнежи кај нас. Денот станува се помал, а со тоа полека се намалуваат и шансите за екстремно топли бранови кои според овој модел ги нема на повидок“ вели Попоски