Тензија на првиот ден во Советот на Скопје: ДУИ бојкотираше доделување уверенија

Неславно започна составувањето на новоизбраниот Совет на Град Скопје. Советниците од ДУИ одбија да ги примат уверенијата за избор на советници бидејќи беа напишани само на македонски јазик.

Како што рекоа, со ова, според нив, се крши Законот за употреба на јазиците.

Останатите членови, вклучувајќи ги и избраните од ВЛЕН, ги примија уверенијата. Со ова започнува работата на Советот на Град Скопје. Уверенијата се потпишани од претседателката на изборната комисија на Град Скопје Марија Мошев.

ДУИ освои шест советници во Град Скопје, исто колку и ВЛЕН објави Скопје1.мк

Back to top button
Close