Тензична атмосфера на тиранскиот аеродром

Поради штрајк на вработените контролори на аеродромот Ринаси кај Тирана  , запрено е полетувањето и пристигнувањето на сите авиони од вчера па се до овој момент. Поради штрајкот  и блокирањето на работата на аеродромот со одлука на владата на Албанија од синока аеродромот е под целосна опсада од припадниците на војската и полицијата .  Контролорите кои штрајкуваат бараат укинување на одлуката за намалувањето на платата за околу 6о насто  што го одлучи државната компанија Албконтрол поради намалување на рабоитата на еродромот  поради  пандемијата

Премиерот Еди Рама изјави дека приведени се од полицијата повеке контролори бидејки истите не го почитувале договорот за работа со што ја блокирале работата на целиот авио транспорт во земјата ,.. Одложени се околу 2о летови од вчера до денес,, изјави Рама и додаде дека и покрај намалување на платите еден контролор има плата од околу 2.9оо долари .

И додека во овоие моменти се очекиува изнаоѓање на решение  од  министерстгвото за инфраструктура кое  е надлежно за компанијата за контрола на летовите велат дека  можно е контролорите да се заменат со нови  и тоа не само од Албанија туку и од други земји, а во опција е и обезбедување на контрола на аеродромот од друга земја . Премиерот Еди Рама ја обвини опозицијата дека во престрет на  парламантарните извбори кои ке се одржат на 25 април , има обиди за блокирање на работата на владата за да ги изгоби изборите .

К. Мимидиноски

Back to top button
Close