Тензична ситуација пред Собранието на Албанија, уапсени неколку лица, меѓу нив и Гоџај поддржувач на Иран и Хезболах

– Пред албанското Собрание попладнево имаше тензична ситуација, кога група демонстранти се судри со полицијата.

-Уапсени се Дритан Гоџај и неколку други лица, откако попладнево ситуацијата пред Парламентот стана тензична. Групата се обиде да го блокира влезот во објектот и со јајца фрлаа по пратеници кои излегуваа од пленарната седница, како и врз нивните возила, објавија медиумите.

Инаку, Дритан Гоџај е познат како контроверзна личност и кој повеќе пати јавно се изјаснил дека ги поддржува Иран и Хезболах,  терористичка организација што дејствува во Либан.

По овој развој на настаните, групата демонстранти се упатиле кон Полициската станица, каде што побарале ослободување на приведените, постојано извикувајќи „Срам, срам“ и „Ослободете ги демонстрантите“. Тие се уште се седнати пред станицата велејќи дека веќе почнал денешниот протест закажан за 19 часот.

Гоџај е еден од предводниците на протестите кои цел месец секојдневно се одржуваат пред Владата, а потоа продолжуваат на повеќе улици. Се протестира и против изградбата на луксузно одморалиште во Зврнец и Сазан и се бара оставка на премиерот Еди Рама и формирање „техничка непартиска влада со мандат од една година”.

Back to top button
Close