Тепачка на летот од Загреб за Малме: Имаше крв насекаде, луѓето трчаа кон задниот дел од авионот за да се сокријат

Во авионот „Рајанер“, кој полета од Загреб за Малме, избувна расправија меѓу двајца мажи, а потоа и тепачка во која, на општо чудење на патниците, меѓу кои имаше жени и деца, имаше и крв.

Шведскиот „Афтонбладет“ пишува дека инцидентот се случил синоќа, непосредно пред 22:30 часот кога авионот се подготвувал за слетување во Малме.

Патникот од авионот рекол дека двајцата мажи се бореле жестоко, фрлајќи се еден кон друг и кон другите патници.

„Имаше многу деца и жени кои плачеа. Луѓето сакаа да трчаат кон задниот дел од авионот за да се сокријат. Имаше крв насекаде. Патникот пред мене беше облеан во крв. Речиси паднаа врз мене и мајка ми. Беше толку срамно, сè уште се тресам“, изјавил лице кое било сведок на настанот за „Афтонбладет“.

Кога авионот слета, влегоа безбедносните лица и се погрижија за двајцата мажи.

Потоа сите патници го напуштија авионот, а аеродромот, вели тој, беше полн со полиција.

„Имавме мала полициска интервенција на аеродромот во Малме во текот на вечерта. Ова не влијаеше на работењето на аеродромот. Бидејќи станува збор за полициски случај, ве молиме контактирајте ја полицијата за повеќе информации за настанот“, изјави Дејвид Карлсон, задолжен за информации во „Свидавија“, државната компанија што управува со аеродромите во Шведска, во СМС-порака до „Афтонбладет“. објавува хрватскиот портал „Индекс“.

Дел од шведските медиуми пишуваат дека двајцата мажи се шведски државјани и дека е поднесена жалба против еден од нив

Back to top button
Close